
Разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде ставено на пленарна седница на Собранието.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинари рече дека на утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на Коцевски.
Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување. Поканата би требало да му биде доставена во текот на денов.




