Тинејџер избоде обезбедувач и ученик во училиште во Московската област, а детето им подлегна на повредите, соопшти Рускиот истражен комитет.

„Утрово, малолетник избоде обезбедувач и ученик во образовна институција лоцирана во селото Горки-2 во Одинцовскиот округ. Детето почина од повредите“, соопшти Истражниот комитет, објави Интерфакс.
Сите околности на инцидентот се утврдуваат, соопштија руските власти.
Исто така, беше наведено дека напаѓачот е неутрализиран и приведен, објави Интерфакс.
Според полицијата на Московската област, итниот повик бил примен во 9 часот наутро.
Според извештајот, „ученик избодел обезбедувач, го испрскал со бибер спреј, а потоа избодел 10-годишен ученик, кој починал од раните“.




