дома Македонија Петрушевски: Оставката на Коцевски е значајна победа за правната држава

Петрушевски: Оставката на Коцевски е значајна победа за правната држава

Оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како значајна победа за правната држава.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со оваа оставка се става крај на мрачен период во кој Обвинителството било перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција.

– За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда. Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 Оставката на Коцевски, вели Петрушевски, не е персонално, туку системско решение и почеток на демонтажа на заробените од СДС и ДУИ институции.

– Дали затоа и чекаше оставката да биде на последниот ден кога ќе биде разрешен за да им купи време на неговите наредбодавци? Исто така, дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат преку 40 случаи на висока корупција против корумпираните функционери на СДС, ДУИ и други партии?, прашува Петрушевски.

 Коцевски денеска објави дека поднесува неотповиклива оставка пред да биде разрешен во Собранието.

На прес-конфернција одржана непосредно пред собраниската седница, Коцевски рече дека самата постапка за негово разрешување е правно неиздржана.

Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука и затоа денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен овинител на Република Северна Македонија, рече Коцевски кој нагласи дека од функцијата заминува со крената глава

ПредходнаНе се вадат документи од Управата за водење матична евиденција, вработените во штрајк
СледнаСДСМ бара оставка од директорката на ГАК по случајот со починатото бебе