дома Uncategorized Собранието ја констатираше оставката на Коцевски

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски

Собранието денеска ја констатираше неотповикливата оставка, што денеска ја даде ребпубличкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Собранискиот спикер, Африм Гаши пред почетокот на 76. седница ги информираше пратениците дека Коцевски до Парламентот поднел барање за престанок на функцијата.  По таковото барање расправата за негово разрешување би била беспредметна, рече Гаши и додаде дека таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

Нагласи дека самата постапка за негово разрешување е правно неиздржана.

„Сето ова во услови кога извршната власт не ни обезбеди никакви услови за работа. Предлогот за мое разрешување верувам дека ќе се најде во следниот извештај на Европската комисија“, рече Коцевски. Според него причина за разрешување е тоа што јавно зборувал за лошите услови и барал од извршната власт да се подобрат условите за работа на Обвинителството.

ПредходнаФилипче: Прашајте ги граѓаните дали го чувствуваат растот на БДП
СледнаНе се вадат документи од Управата за водење матична евиденција, вработените во штрајк