дома Македонија Политика Не сакаме да бидеме депонија на мигранти, вели Филипче

Не сакаме да бидеме депонија на мигранти, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека тоа што партијата со која раководи е против „увоз“ на мигранти од Обединетото Кралство, не се коси со социјалдемократските вредности. И покрај критиките во прогресивниот дел од општеството за ксенофобичност на партијата која требало да се постави сосема поинаку кон темата, Филипче продолжува да го брани познатиот став.

Венко Филипче:Не, апсолутно не. Ние немаме никаков проблем со мигранти коишто имаат мака и доаѓаат од некаде.

360 степени“: Ама и овие луѓе имаат мака, штом отишле во Велика Британија.

Венко Филипче: Како имаат мака? Тие ќе бидат депортирани кај нас за пари. Ќе бидат сместувани некаде. Тие ќе внесат проблем. Па, гледаме каков проблем има со мигрантите во Велика Британија и во другите западноевропски земји.

„360 степени“: Ова е пристапот на владетелите што ги критикувате – Орбан, Трамп итн. Тие имаат таков однос кон темата мигранти.

Венко Филипче: Но, не е точно. Се поставува и друго прашање – зошто Владата не ја кажува вистината? Зошто вакви договори прави под маса? Зошто тоа се случува?

„360 степени“: Владата тврди дека тоа не е точно.

Венко Филипче: Пак ќе кажам, има механизми како тоа ќе се утврди и ќе се потврди. Имаме резолуција, нека одговорат на прашањата на британските медиуми.

Тој ја обвини власта дека ја спинува темата.

Венко Филипче: Еден чекор назад во однос на ксенофобијата, мигранти и така натаму. Не сакаме да бидеме депонија на мигранти. Не сакаме. Каква врска има тоа дали сме ние социјалдемократи, вакви вредносни или такви вредносни политики?

„360 степени“: Солидарност, емпатичност, би требало да биде дел од вашиот пристап.

Венко Филипче: Што е солидарност? Да земеме луѓе свесно, коишто не се подобни за некаде, да ги земеме кај нас за пари, по глава на мигрант, во дел од еден пакет од 6 милијарди евра. Тоа ли треба да го направиме? И треба да молчиме?

„360 степени“: Само претпоставуваме дека е така.

Венко Филипче: Гледајте, кога релевантни медиуми го кажуваат тоа, Владата не го демантира соодветно и не сака официјално со документ, така како што треба, да се заштитиме во Собранието – па добро, вие можете ли да ѝ верувате на Владата? Еве, зошто не го потпишат документот што се вика резолуција? Ќе дебатирале тие на ниво на општини. Секој ден само спинови. Ништо друго. Чија е обврската да се враќаат тие кредити? Кој е во ризик? Сите граѓани. Собранието е институцијата во којашто такви процеси се прават. Нема кредитот да го враќа Општина Кавадарци. Сите граѓани насекаде во државата ќе го враќаат кредитот.

Филипче вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги извртува тезите и кога контрааргументира дека за време на владата на СДСМ, кога и тој беше министер, е донесена одлука за воспоставување центар за прием на мигранти во земјава.

„Гледајте, тоа е уште еден спин на владата, сакајќи да избегнат од темата и да избегнат одговор на вистинското прашање. Тоа нема никаква врска со мигранти. Центар за странци е институција којашто е од затворен тип, во којашто се сместуваат луѓе кои се детектирани на наша територија или на граница, дека имаат фалсификувани документи, пасоши, украдени документи и така натаму. И тие се задржуваат. И тоа е центар за странци, којшто е, внимавајте, составен дел од Министерството за внатрешни работи. И тој постои и сега. Тој постои во Општина Гази Баба – во поранешна градинка, на сосем несоодветно место, опкружено со згради, има луѓе… Ние сме гласале да се направи нов. Ете тоа е гласано. И сега ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи целото тоа прашање да го испинува, да го преврти, да го направи како што не треба, кажува – еве и тие гласале за мигранти. Нема никаква врска. Тука на површина излегува нивната фабрика за лажни вести“,вели Филипче.

 

ПредходнаМицкоски: Го вративме името, дури и Венко и СДСМ користат само Македонија без северна
СледнаТројца обвинети за брутално убиство на двојка во гаража во Загреб