Синоќа во Амбасадата на Шпанија во Скопје се отвори изложбата Луминисцинетни силуети – дијалог со шпанската авангарда. Изложбата поставена во соработка со скопската галерија„ Акантус“ прикажува in situ уметничка инсталација од уметникот Антонио Пирковски инспирирана од историјата на шпанската уметност и дизајн.

Под кураторство на модната теоретичарка Кристина Глигоровска, преку синтеза на светлина и текстил изложбата се повикува, но и деконструира, антологиски дела од шпанската историја на уметност (како делото „Мали дворски дами“ на Диего Веласкаез) и историјата на мода ( како фустанот „Коверт“ од Кристобал Баленсијага).
Изложбата ја отвори НЕ Рафел Сориано Ортиз , амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. Истата ќе биде отворена за јавноста до 28.02.2026 година.




