За попладнево повторно се најавуваат блокади на грчките земјоделци на граничните премини Евзони и Ники.

Евзони, според грчките медиуми, ќе биде блокиран од 18 до 22 часот по локално време, а Ники (Меџитлија) од 19 до 23 часот по локално време.
Како што беше и досега пракса, Евзони ќе биде затворен за сите возила, а на граничниот премин Меџитлија нема да се пропуштаат само товарните возила.
Блокади има и на Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони.




