дома Македонија Политика Орце Ѓорѓиевски останува да го води ЗЕЛС, негови потпретседатели Горан Герасимовски и...

Орце Ѓорѓиевски останува да го води ЗЕЛС, негови потпретседатели Горан Герасимовски и Изет Меџити

   Во наредните четири години градоначалникот на Град Скопје ​Орце Ѓорѓиевски ќе ја води Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. Негови потпретседатели се градоначалниците на општините Центар и на Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити.  Оваа одлука е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. 

Градоначалникот на општина Прилеп Дејан Проданоски е избран за претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

-Од страна на колегите градоначалници ми е дадена едногласна поддршка и доверба да продолжам да го водам ЗЕЛС како претседател во наредниот период. Се надевам дека ќе имаме многу прашања и состојби кои заеднички ќе ги надминеме. Во минатото имавме одредени потешкотии со кои се справувавме, имавме одредени кризи кои заеднички ги решававме.

Ќе продолжиме да функционираме заеднички и обединето без да дозволиме политиката да се меша во овие процеси и во нашето дејствување се со цел подобрување на состојбите на општините, поголема децентрализација, особено фискална децентрализација на општините, изјави Ѓорѓиевски.

ПредходнаУапсен екс директор на матично Дaрдишта, пробал да избега на Кoсово
СледнаТошковски: До јули ќе го имплементираме „Безбеден град“ на цела територија, по 1 февруари почнуваат казните