Скопје и утрово руши рекорди во поглед на загаденоста. Според податоците на IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа со индекс на загаденост од 172. Пред него е само Сараево од европските градови.
Скопје веќе со денови е еден од најзагадените градови во Европа, а маглата дополнително прави проблеми.
Засега, нема никаква акција од страна на надлежните институции освен ветувања. Единствено вчера Министерството за животна средина објави дека ставиле во функција нова веб страница за квалитетот на воздух.
Нема ниту препораки од здравствените власти за ризичните групи на граѓани.




