дома Македонија Економија Бензинот драстично поевтини по вторпат неделава – ова се новите цени

Бензинот драстично поевтини по вторпат неделава – ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која цените на бензинот од ноќеска поевтинија по втор пат за оваа недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се променија.

Од 19.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

 

ПредходнаАларм за загаденост и од животна во Гази Баба , Центар, Карпош и Лисиче ! Да се пуштат од работа загрозените категории
СледнаСЗО: Повеќе од 1.000 пациенти починале додека чекале итна медицинска евакуација од Газа од јули 2024 година