Рокот во кој организаторите на Зимзоленд треба да се изјаснат за забелешките од инспекцискиот надзор беше до денеска. Општина Аеродром треба да постапува, но сè уште не се открива на кој начин, дали со отстранување на забавниот парк или со санкции за утврдените неправилности.
Од општината најавија дека набрзо ќе одлучат што понатаму, а ќе бидат земени предвид и ставовите што организаторите ќе ги достават. Понатамошните чекори ќе зависат од тие околности. Зимзоленд работи без дозвола, така веќе констатираше Град Скопје и и наложи на општината Аеродром да постапи.
Спротивно на властите, организаторите на Зимзоленд тврдат дека ги имаат сите документи и дозволи за работа и за безбедност. Во исто време при инспекциските контроли, Државниот пазарени нспекторат , АХВ, УЈП утврдиле вршење нерегистрирана дејност и најавија казни. за немање фискални, ниту пак услови за продажна и производство на храна




