Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.

Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. , а поради маглата авионите беа пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. ЛЕтовите ке се одвиваат согласно приликите и видливоста.
„На веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/ се запишани сите промени во редовниот распоред на летање а накнови информации може да се добијат во секое време на бројот: +389 2 3148 333 .
Во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла.




