Распоредот на рускиот претседател Владимир Путин за последните недели од 2025 година во моментов не вклучува телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Кремљ подоцна ќе објави дали Путин ќе му го честита Божиќ на Трамп.

„Во моментов не е планирано, но доколку е потребно, овој разговор може брзо да се организира“, рече Песков, пренесува ТАСС.
Според него, Путин денес ќе има билатерални средби со киргистанскиот претседател Садир Жапаров и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Исто така, Песков потврди дека претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Никол Пашинјан, ќе учествуваат на неформалниот самит на Заедницата на независни држави.




