дома Македонија Политика Муцунски: Има опасност од евроскептицизмот и тоа е кредибилно затоа што вратите...

Муцунски: Има опасност од евроскептицизмот и тоа е кредибилно затоа што вратите за ЕУ не се отвораат

  Прво суштински кога ќе се погледне процесот на европска интегрција, веќе има реформски  процеси кои се случуваат во државата . За нас прашањето е како да го откочиме патот за да дојдеме до членство. И овој механизам на технички преговори не те доближува до крајната цел бидејќи вие сепак во некој момент ќе морате да го откочите и целокупниот процес на преговори, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговорајќи на новинарско прашање.

По заедничката прес-конференција со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија Елиса Спиропали, Муцунски нагласи дека нашата држава е фокусирана на внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија.

-Тоа што мене ме загрижува, некои велат расте евроскептицизмот. Јас не мислам дека тоа е точно, барем како што ги читам анкетите. Но, јас застапувам една теза дека имаме опасност од пораст на европесимизам. Тоа се група на граѓани кои веруваат дека европската иднина е вистинската иднина за државата, но не се убедени дека Европа ќе ги отвори вратите за нас. Тука треба заеднички да работиме за да ја побиеме таа теза, која, за жал во моментов, е премногу кредибилна, вели Муцунски.

Товарот, како што нагласи, е на ЕУ, на земјите членки, на Владата и на сите засегнати страни во едно општество, како академската заедница, медиумите.

ПредходнаМицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
СледнаСточарите најавуваат протести ако не им бидат исплатени субвенциите, рокот е до четврток