дома Македонија Општество Синоќа на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени

Синоќа на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени

  На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од  магла, вчера  откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија.

High Angle View Of Luggage On Conveyor Belt At Airport

Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, Берлин, Минхен (Меминген) и Цирих. Реализирани се летови за: Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел, Барселона, а за Рим (Фјумичино) и Малме ќе полетаат.

– Бидејќи временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од нивната авиокомпанија.За патниците и јавноста повторуваме: сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците, велат од ТАВ Македонија.

Оттаму посочуваат дека промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страницата во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.

 

ПредходнаСтудено и облачно утро во Македонија, почна зимата
СледнаПроменливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено