
Тројца специјалисти од терциерното здравство се во стручната комисија што Министерството за здравство ја формираше за да го испита случајот со смртта на бебето на ГАК кое што според интерни документи кои ги објави „Слободен печат“ – било реинтубирано 20 минути, а началничката на одделот за интензивна нега на ГАК д-р Елизабета Петковска ја пријавила педијатарката д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.
Како што дознава „Слободен печат“ од извори од Министерството за здравство, стручната комисија која ќе се занимава со испитување на овој случај, е составена од лекари од Клиниката за детски болести бидејќи таа јавна здравствена установа е единствената што има овластувања за стручен надзор поради високо-стручниот кадар.
Во комисијата се наоѓа еден пулмолог, еден невролог и еден интензивист од Детската клиника, брифираат за „Слободен печат“ нашите извори од Министерството за здравство.




