Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето каде екс-деректорот на Геријатрија Мухсин Арифи заедно со болничарот од здравствената установа Блерим Амити се обвинети дека ѝ барале мито на неподвижна пациентка за да ја сместат во установата долгорочно.
Арифи се товари дека за да ја згрижи во болница 42-годишната пациентка Искра С. која била неподвижна и во тешка здравствена состојба, побарал поголема имотно правна корист од нејзината старателка, пари што негувателот Блерим Амити наводно како посредник ги примил. Негувателот, како што извести ОЈО ГОКК беше фатен на лице место од страна на полицијата со 20 илјади евра кои што старателката ги набавила претходно – обележани.
Како што објави Слободен Печат, Арифи беше спроведен во судница со затворска полиција од притвор. Адвокатот на Мухсин Арифи Скендер Мехмети, прво предложи двајца сведоци, ама откако тие се појавија во судница да сведочат, одненадеж ги повлече. Тоа беа психијатарката во Геријатрија доктор Маја Спирова и докторката Деспина Милошевска Еврушоска кои си заминаа без да бидат сослушани бидејќи беа викнати па повлечени од страна на одбраната на првообвинетиот Мухсин Арифи.
Адвокатот Мехмети го испитуваше Блерим Амити, обвинет дека ги зел 20-те илјади обележани евра од старателката на пациентката. Тој сведочеше дека никогаш не бил вработен во Геријатрија, а директорот Мухсин Арифи го знаел зашто биле соселани. За пријавителката на случајот, старателкта на пациентката, рече дека ја познавал од порано, бидејќи била ангажирана при разводот на неговиот брак а комуникацијата продолжила и според него – „му била како другарка“.
Амити рече дека пријавителката инсистирала во неколку наврати тој да стапи во контакт со директорот на болницата и дека таа наводно „му се жалела оти директорот не ги прифаќа парите што таа му ги давала“.
….
Инаку, од денот откако Арифи и Амити се приведени, пациентката е сместена токму во оваа јавно-здравствена установа каде претходно ја сметале за неподобна да влезе и каде во секој момент на листата на чекање има над 200 лица.
повеќе тука




