дома Македонија Анита Тополова-Исајловска в.д државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска в.д државен јавен обвинител

Анита Тополова-Исајловска ќе ја врши функцијата вршител на должноста јавен обвинител до назначувањето на нов државен јавен обвинител откако Љупчо Коцески поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Тополова-Исајловска е избрана денеска едногласно на седница на Советот на јавни обвинители.

Таа беше единствен предлог за оваа клучна позиција. Доаѓа од позицијата заменик јавен обвинител.

 

Предлогот дојде од членот на Советот Кети Петкова, која рече дека ја предлага од принципиелни причини со оглед на тоа дека таа е заменик-обвинител подолг период.

Името на Топалова – Исајловска не е многу познато во јавноста, но се споменуваше пред некоја година, кога како републичка обвинителка од Врховен суд бараше да падне предметот „Талир“, кој сè уште се суди во два дела, а меѓу обвинетите е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Таа бараше Врховен да го укине решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

ПредходнаТрамп ќе назначи нов амбасадор во Македонија, Агелер меѓу отповиканите амбасадори
СледнаНема договор за минималната плата, од ССМ со порака работниците ќе ја дочекаат Нова Година со најниски плати