Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на Советот.

Советот на јавни обвинители седницата за определување на вршител на должноста државен јавен обвинител до изборот на наследник на Љупчо Коцевски првично ја закажа на 19 декември, но изборот беше одложен, поради отсуството на еден член на Советот.
Вршителот на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.
Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.
Во случај Советот на јавни обвинители да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.
Љупчо Коцевски минатата недела на 17 декември,истиот ден кога Собранието требаше да расправа за предлогот на Владата за негово разрешување, на прес-конференција објави дека поднел неотповиклива оставка на функцијата, под сериозен политички притисок, коој беше нескриен од премиерот на Владата на РСМ. Коцевски во образложението истакна дека функцијата од која заминува ја вршел чесно и достоинствено, а оставката ја поднесува поради, како што рече, „очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“.
Во случај Советот на јавни обвинители да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.




