Данската пошта ќе го достави своето последно писмо на 30 декември, со што ќе заврши традицијата што трае повеќе од 400 години , објави „Гардијан“.
Објавувајќи ја својата одлука претходно оваа година да престане да доставува писма, „ПостНорд“, формиран во 2009 година преку спојување на шведската и данската поштенска служба, соопшти дека ќе отпушти 1.500 работни места во Данска. Исто така, отстранува 1.500 поштенски сандачиња, од кои речиси сите веќе се продадени на аукција .
Опишувајќи ја Данска како „една од најдигитализираните земји во светот“, компанијата соопшти дека испраќањето писма „драматично се намалило“, додека онлајн купувањето продолжило да се зголемува, што ја поттикнало одлуката да се фокусира на пакети.
Данците сè уште ќе можат да испраќаат писма преку курирската компанија Дао , која веќе доставува писма во Данска, но ќе ги прошират своите услуги од 1 јануари од околу 30 милиони писма во 2025 година на 80 милиони следната година.
Данската пошта е одговорна за достава на писма во земјата од 1624 година. Во текот на изминатите 25 години, испраќањето писма во Данска бележи нагло опаѓање од над 90 проценти.
Но, податоците сугерираат дека може да има повторно оживување на пишувањето писма кај помладите луѓе.
Дао рече дека нивното истражување покажало дека лицата на возраст меѓу 18 и 34 години испраќаат два до три пати повеќе е-пошта од другите возрасни групи .
Според данскиот закон, услугата за достава на писма мора да постои . Ова значи дека ако Дао престане да доставува писма, владата ќе биде обврзана да назначи некој друг да го прави тоа.




