дома Свет Двајца работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Полска

Двајца работници загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Полска

ВАРШАВА – Двајца работници загинаа во експлозија во полскиот рудник за јаглен Пњевек, соопшти денес компанијата ЈСВ.

Експлозијата се случила како резултат на истекување на метан во понеделник околу 17:00 часот по локално време, додека десет рудари работеле во рудникот, објави Ројтерс.

Осум работници успеаја самостојно да се евакуираат, додека двајца рудари се водат како исчезнати.

ПредходнаПоранешниот јапонски цар Акихито го прославува 92-риот роденден
СледнаЗошто сите зборуваат за Galaxy S25 Edge?