дома Локално Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски

  Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен.

Ѓорѓиевски во информацијата што ја сподели во објава на својот Фејсбук профил ги повикува скопјани да пријават потенцијални загадувачи на следниот меил: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

-Нема толеранција за никого – изречени се казни на загадувачите во Скопје. Почитувани скопјани, Изминативе денови Скопје се соочи со сериозно загадување на воздухот.   Во изминатите два дена беа спроведени силни и координирани инспекциски надзори на терен. Инспекторатот за животна средина изрече казни кон правни лица – загадувачи и јасно покажа дека законот важи за сите, напиша Ѓорѓиевски.

Градоначалникот најавува дека нема да застанат тука и оти ќе продолжуваат поинтензивно и поодлучно.

-Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без грам толеранција! За здравјето нема компромис. Ниту за мене, ниту за вас, ниту за нашите деца. Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје излезе и со низа препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои се јавно објавени и достапни за сите граѓани: https://skopje.gov.mk/…/19-12-25-soopstenie_preporaki…/.

Ѓорѓиевски во објавата нагласува дека борбата за почист воздух е заедничка и апелира до сите граѓани на Скопје да се придржуваат и да ги почитуваат препораките и мерките.

 

НА социјалните мрежи бројни реакции на објавата  и прозивка за скопскиот градоначалник, да наведе кого точно казниле, кои се загадувачите,  кои се санкционирани и зошто не е напишано тоа во неговата објава.

 

ПредходнаИРЛ: „Пулс“ како гасна комора од чад и цијаниден гас – како навистина умреле жртвите во Кочани
СледнаФилипче кон Ахмети: Македонија нема да ја растураш, да бидеме на чисто!