дома Македонија Економија Пешевски до Мицкоски: Пред избори зборуваше едно, денес како премиер …!

Пешевски до Мицкоски: Пред избори зборуваше едно, денес како премиер …!

 

 Каква е таа социјална правда со вакви плати ? Владата да ги симне  розевите очила и да престане да се фали и дека тука тече мед и млеко.

Неколку месеци пред да стане премиер, Христијан Мицкоски ја обвинуваше тогашната Влада за ниските плати. Денес, во позиција на премиер, зборува токму спротивното, објави потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, на својот Фејсбук профил, потсетувајќи дека политичарите брзо забораваат што ветувале.

-Јас паметам и чувам се – што е добро фалам, што не – критикувам. Но денес гледаме дека Владата нема политичка волја за зголемување на платите. Не смее премиер да каже “договорете се со работодавачите”, затоа што тие се во позиција да ги намалат платите, а не да ги зголемат, порача Пешевски.

Тој предупреди дека следува период на протести и штрајкови, бидејќи без притисок работниците нема да добијат повисоки плати.
-Работници, време е за обединување! Но не заборавајте – денес имаше синдикати кои не побараа плата за вас на Економско-социјалниот совет, нагласи Пешевски, директно прозивајќи ги полтронските синдикати кои, наместо да се борат за работниците, се ставиле во служба на Владата.

 

ССМ до Владата и работодавачите: Договорете го зголемувањето на минималецот, народот подготвува „новогодишна честитка“

ПредходнаПолицијата пријави три лица за ужасно воено злосторство од јули 1991 година: Тие мачеле и убивале цивили и еден полицаец
СледнаДоаѓа првиот снег во Македонија