дома Македонија Политика Реакции за говорот на Силјановска – Давкова

Реакции за говорот на Силјановска – Давкова

Претседателката на државата поддржува корумпирана и криминална влада – која ја води земјава кон изолација, вели лидерот на опозицијата Филипче, оценувајќи го обраќањето на Давкова, Во нејзиниот говор наместо вистинските се поддржуваат квази реформите и партизираните институци, посочи Филипче.

За пратеникот на Левица Амар Мециновиќ, наместо реалната состојба Давкова во говорот ја претставила владината агенда на ВМРО ДПМНЕ, игнорирајќи го горливите еколошки проблеми во Македонија.

За пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ говорот на Давкова бил фантастичен издржан и принципиелен. За пратеникот Милошоски – претседателката имала принципиелен став за проблемите со кој се соочува Македонија, гледиште кое според него го имаат мнозинството граѓани на земјава.

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус

 

На обраќањето на Давкова присуствуваат премиерот Мицкоски, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски, претставници на судската власт, верските заедници, и дипломатскиот кор.

ПредходнаФилипче кон Ахмети: Македонија нема да ја растураш, да бидеме на чисто!
СледнаНачалник на ГШ на либиската армија загина во авионска несреќа во Турција