дома Македонија Општество Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух

 Учениците ќе следат настава до крајот на месецов и потоа заминуваат на зимски распуст. Ќе нема порано распуштање поради загадувањето.

Како што  изјави минситерката Весна Јаневска , во овој момент немаат информации дека нивното здравје е загрозено и дека не е проблем ако од здравствени причини отсуствуваат ден-два од настава. Но, додаде, треба да се напушти негативната појава од минатото кога од различни причини се скратувале учебните денови.

-Жал ми е што мора да направам груба споредба, но во некои европски земји децата и кога имаат грип, и во градинки и на училиште, одат на настава се додека нивното здравје не е загрозено. Ова го велам заради коментарите дека нашите деца многу учат и се оптоварени. Не, не се.

ПредходнаДоаѓа првиот снег во Македонија
СледнаОд 1 јануари струјата поскапува за 2,28 отсто