дома Македонија Новогодишни куќички во Струга работеле без основни хигиенски услови

Новогодишни куќички во Струга работеле без основни хигиенски услови

Новогодишни куќички во чаршијата во Струга добија забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. Куќичките не биле поврзани на градската водоводна мрежа и немале спроведено дезинсекција и дератизација, а вработените немале извршено санитарни прегледи.

Контролата била спроведена во девет куќички на 22 декември од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Со контролата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, велат од АХВ.

ПредходнаЧулев за одземањето на безбедносниот сертификат и отказот од АР: Правдата е бавна, но доаѓа
СледнаВладата ќе купи 100 нови комби возила за државните пошти