дома Култура 30 години актерска кариера-Ана Левајковиќ-Бошков

30 години актерска кариера-Ана Левајковиќ-Бошков

 Актерката Ана Левајковиќ-Бошков денеска со настап во култната претстава „Црвенкапа“ на сцената на Театарот за деца и младинци ќе одбележи 30 години актерска кариера.

Актерката Ана Левајковиќ-Бошков одбележува 30 години актерска кариераВработена во Театарот за деца и младинци од 1995 година, Ана Левајковиќ-Бошков во својата богата професионална биографија има остварено 56 улоги во матичниот театар, оставајќи длабока и трајна трага во македонскиот детски театар. Нејзината уметничка патека е обележана со исклучителна посветеност, искреност и љубов кон сцената, вредности што ја направија препознатлива и сакана од генерации публика.

– Тоа не се само бројки на хартија, тоа е мојот живот“, изјави Ана во неодамнешното интервју за „Слободен печат“, опишувајќи ги трите децении на сцената како чест и благослов. За неа, играњето за деца значи „срце отворено како дланка“ и целосна предаденост на вистината бидејќи детската публика не бара совршенство, туку искреност.

Претставата „Црвенкапа“ годинава ја надмина бројката од 300 изведби.

ПредходнаПромо на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески
СледнаМагла на Стража, слаб снег на Попова Шапка