Од Нова година доколку не биде избран нов Народен правобранител, институцијата стапува во тотална блокада бидејќи Собранието половина година не избра заменик на Насер Зибери кој во јули замина во пензија, а веќе и на неговиот заменик Илбер Руфати му истекува полномошното кое Зибери му го даде за да потпишува.
И сега?
Граѓание остануваат без право некој да ги брани нивните права и тоа очиглено никому не му е гајле. Вработените остануваат без плата и тоа не е битно.Битно е од која партија ќе биде *народниот*! МАкедонија денес и партиска и поделена и нехумана.
Во писмо до Собрание тие бараат законодавниот дом итно да избере нов правобранител и да најде решение како да функционира институцијата во оваа безизлезна ситуација без да ги крши уставните, законските и другите правни одредби. Иако писмото е испратено на 11 декември, тие се уште немаат одговор од Собранието, па апелот го испратија до медиумите и сите странски амбасади во земјава.
– Со тоа од 1.01 2026 година доколку не биде избран нов народен правобранител, институцијата стапува во фаза на тотална блокада во која пред се најмногу ќе биде оштетена самата служба на Институцијата за заштита на човековите права со преку неможноста да и биде исплатена плата и основни придонеси од редовниот работен однос – се вели во дописот од институцијата.
Насер Зибери замина во пензија во јули, а оттогаш во Собрание нема избрано нов Народен правобранител. За овој закон е потребно Бадинтерово мнозинство кое власта сега го нема.
ОСтанува она клучното. Зошто постои институтот народен правобранител? За да коалициите се подмират меѓу себе или за граѓаните. Дали тоа ќе мора да е борец за права или за партиска книшка.Веројатно ова второто, проверено е, ама белким ќе не демантираат.





