дома Македонија Општество Пет важни одлуки и девет иницијативи пред Уставен суд

Пет важни одлуки и девет иницијативи пред Уставен суд

  Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети.

На дневен ред е и предметот со кој новинарите Иван Мирчевски и Александар Видиновски го оспоруваат Правилникот за сообраќајни знаци од 2020 година, тврдејќи дека употребата на кратенката за државна ознака не е во согласност со меѓународните кодови МК и MKD, туку непрописно се користи NMK.

Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите и  измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, за кои подносителот тврди дека го нарушуваат принципот на независност и ја намалуваат предвидливоста на месечните приходи.

Треба да се разгледуваат и предметите со кои Судот уште во февруари 2025 година поведе постапка за измените на Кривичниот законик, за што беше оставен шестмесечен рок до Собранието да постапи според укажувањата на Судот.

На седницата е вклучен и предметот што се однесува на оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

ПредходнаДенеска во парламентот избор на новите министри
СледнаДенес е Бадник според Грегоријанскиот календар