Над 25 тони пиротехника се запленети од правно лице од Скопје, а приведени се две лица од кои едниот е полициски службеник.
Пиротехниката е откриена откако претходно во товарно возило со струшки регистарски таблички е откриена поголема количина на пиротехника, а возачот и сопатникот изјавиле дека пиротехниката е на правно лице од Скопје по што извршена е контрола во магазинот на фирмата каде е пронајдено уште едно товарно возило со пиротехника.
Дополнително извршен е претрес во магацинските простории на фирмата при што најдени се над 25 тони пиротехника.
По целосно комплентирање на доказниот материјал, од полицијата најавуваат пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.




