Петти ден по ред жителите на скопската населба Серава протестираат со блокирање на булеварот „Никола Карев“, односно улицата „Пластичарска“, пренесе ТВ „24“. Граѓаните велат дека се оставени без струја по големиот дефект кој се случил во неделата, а кој ЕВН одбива да го санира.

Од ЕВН велат дека дефектот се случил поради тоа што жители на населбата долготрајно и неконтролирано крадат струја, преоптоварувајќи ја мрежата со диви приклучоци. Од компанијата додаваат дека сè додека нивните екипи немаат пристап да ја реконструираат мрежата и да ги променат броилата, ќе биде невозможно да се санира дефектот.




