дома Uncategorized Уставните судии гласаа 4:4 за линеарното покачување за пензиите?

Уставните судии гласаа 4:4 за линеарното покачување за пензиите?

Линеарното зголемување на пензиите останува во сила откако Уставниот суд   не донесе одлука за негово укинување поради израмнет резултат во гласањето – 4 спрема 4. Предметот ќе се разгледува повторно откако Судот ќе се комплетира и ќе одлучува со деветмина судии, пренесе Слободен Печат.

 

 

„Во однос на пензиите, Уставниот суд не донесе одлука. Не донесе одлука, бидејќи таму, како што знаете, судот поведе постапка, изрази сомнеж во уставноста на одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Меѓутоа, на денешната седница гласовите се поделија и резултатот е 4:4 што значи нема одлука. Таа одлука ќе го чека доаѓањето на нови судии. Знаете дека Уставниот суд работи со еден судија помалку“, изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

 

Законот за линеарно покачување на пензиите Собранието го усвои во јули годинава и според него, пензионерите ќе добиваат по 1.000 денари во септември и во март идната година. Претходно, пензионерите во два наврата добија линеарни додатоци од по 2.500 денари.

Судијката Добрила Кацарска за „Дојче веле“ изјави дека останува на ставот дека линеарното покачувањена пензиите е неуставно. „Прекршени се повеќе одредби од Уставот“, рече таа.

До донесување на поинакво решение, исплатата на пензии ќе се одвива без промени. Законот за ново линеарно зголемување беше изгласан во Собранието на 24 јули со 79 гласа „за“. Тој предвидува пензионерите да добијат по 1.000 денари во септември и март 2026. Претходно, пензионерите добија два линеарни додатоци од по 2.500 денари.
ПредходнаИлјадници луѓе го прославија Бадник во Витлеем за прв пат од 2022 година.
СледнаСП:Директорите на тетовската болница добија три години затвор за пожарот – Апелација им ги удвои казните