дома Македонија Политика МВР доби нови 120 полициски скапи возила опремени со најсовремените тетра системи

МВР доби нови 120 полициски скапи возила опремени со најсовремените тетра системи

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска беа презентирани 120-те нови автомобили „Пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра.

 

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција.

Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно завршената набавка и проект, нагласувајќи дека со новите возила значително се подобрува мобилноста на припадниците на полицијата.

-Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме ваков тип на проекти, порача премиерот и додаде дека очекува новите возила „што помалку да се користат“, што би значело помалку криминал и криминалци во државата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени со најсовремена технологија.

– Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството, појасни Тошковски.

Тој истакна дека проектот е реализиран со значителна заштеда на буџетски средства.

За овие возила  платени  се 202 милиони денари . Цената поединечно по возило е далеку пониска од комерцијалната вредност на едно возило, така што навистина мислам дека имаме многу успешен проект кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, нагласи министерот.

ПредходнаХороскоп за петок: Денот по Божиќ носи нежност и потреба за мир
СледнаИм треба мир: Зодијачки знаци кои ќе сакаат да се оддалечат од сето тоа за Божиќ