дома Македонија Огњеновиќ од Извршниот на СДСМ тврди: ВМРО координира операција за уривање на...

Огњеновиќ од Извршниот на СДСМ тврди: ВМРО координира операција за уривање на СДСМ одвнатре

Петар Огњеновиќ

Членот на Извршен одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ денеска на прес-конференција изјави дека разоктриваат уште една организирана кампања, која се води против СДСМ, од страна на власта, со цел уривање на партијата одвнатре.

„Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта. Како што веќе најавивме, во изминатиот период ВМРО спроведува координиран обид за уривање на СДСМ одвнатре. Зошто? Затоа што Антикорупцискиот тим АКТ изнесе сериозни податоци за криминал и корупција на владата на ВМРО преку тендери, рече Огњеновиќ.

Тој вели дека оваа кампања ја спроведува цел еден систем, еден октопод кој е инструиран од СНС и кој во целост управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ.

„Граѓаните можеа да ги видат овие обиди секој ден. Прво имаше настапи на еден поранешен функционер. Потоа излегоа наводни иницијативи на двајца поранешни функционери кои јавно не се појавија. Па се вклучија целосно ирелевантни ликови кои одамна не се дел од СДСМ, туку завршија во ЗНАМ“, изјави тој.

Огњеновиќ вели дека сите тие обиди биле во исто време односно откако СДСМ се кренала и АКТ почнал да ги објавува доказите.

„Вчера имаме и конкретен, свеж пример, имаме уште еден доказ. Еве како функционира кампањата против СДСМ во три чекори: 1.Еден наш член, Јован Деспотовски, по неуспешното медиумско прво обраќање, ја продолжи кампањата против СДСМ во еден сериозен и релевантен медиум. Станува збор за поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на големи државни фирми, ФИТР и ТИРЗ, со големи буџети. 2.Неполни две минути по објавата на тој текст, се појавува однапред подготвен, обемен текст на истата тема на еден од добро познат портал – на Героски. Тоа може да значи само две работи: или одговорите биле однапред испратени и координирани, или текстовите биле пишувани во директна координација со Геро. Со тоа, тие не само што се разоткрија себеси, туку го нарушија и угледот на релевантниот медиум каде што беше објавен авторскиот текст. Паниката ги натера да брзаат – а брзањето носи грешки. 3.За неколку часа, истиот портал објави нов текст, а доцна попладнето и уште еден текст, целосна колумна на Героски за одбрана на Деспотовски“, додаде тој.

ПредходнаЗимска снежна бура ги погоди Њујорк и Њу Џерси
СледнаЖичарницата не работи поради силен ветер