дома Македонија Една година затвор за кавадарчанецот кој сакаше да прегази полициски службеник

Една година затвор за кавадарчанецот кој сакаше да прегази полициски службеник

Една година затвор доби кавадарчанецот кој на 21 декември со возило удри во полициски службеник. Тој беше приведен на 25 декември и веќе следниот ден изведен пред судија каде го призна делото.

Кавадарчанецот на возраст од 46 години со возило не запрел на знак на полициските службеници, а кога на една од крстосниците во градот бил опколен од две полициски возила, сакал да прегази полициски службеник.

Полицаецот излегол од службениот автомобил за да го легитимира и во тој момент осомничениот се залетал кон него со возилото со голема брзина, го удрил во стомакот и левата нога, а потоа удрил и во полициската кола, по што продолжил да вози. Полицаецот од ударот се здобил со неколку телесни повреди.

– Обвинетиот беше лишен од слобода на 25 декември и веќе следниот ден беше изведен пред суд, каде го призна делото. Судот во Кавадарци изрече пресуда со која го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од една година, а до правосилност на пресудата одлучи обвинетиот да биде обезбеден со мерка притвор поради опасност од бегство и можноста да го повтори делото, информираат од Обвинитеството.

ПредходнаКако е да се живее во „најсреќната“ земја на светот? Просечна плата 3100, кирија од 660 евра
СледнаСе стресе охридското тло, земјотрес со интензитет од три степени