дома Македонија Економија Владата потпиша договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра

Владата потпиша договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра

  Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието. 

Условите под кои се обезбедени средствата – долгорочен рок на отплата, поволен грејс период и конкурентна каматна стапка, се во целосна согласност со стратегијата за одговорно управување со јавниот долг и обезбедување одржливи јавни финансии.

– Денес зборуваме за нешто што со децении беше занемарувано, а е од суштинско значење за економијата, извозот и европската иднина на Македонија, а тоа е железницата. Состојбата што ја наследивме беше катастрофална. До неодамна МЖ Транспорт немаше ниту една целосно функционална локомотива, подвлече премиерот Христијан Мицкоски, според кој, ова е системска обнова на железничкиот сектор.

Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со

Мицкоски информира и дека пред Договорот за заем претходеше анализа за потребите, функционалноста и оперативноста на МЖ Транспорт.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, потпишувањето на Договорот е клучен чекор за целосната трансформација на ЖРСМ Транспорт во модерно претпријатие кое ќе одговори на потребите на комитентите.

 

 

ПредходнаВо Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
СледнаДрамски театар го објави конкурсот за наградата „Горан Стефановски“, последен ден од јавниот повик за проектот „Денови на независна продукција“