дома Македонија Општество Учениците од денеска на зимски распуст

Учениците од денеска на зимски распуст

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст.

На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие.

Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта.

На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно видот на образованието.

Наставниците во март треба да добијат покачување на платите помеѓу 7,5 и 10 проценти.

ПредходнаХрана, пијалаци и тутун во ноември зголемени за 6.5 %
СледнаЈСП: Јавниот градски превоз денеска по редовен зимски возен ред, утре по неделен, а од задутре по редуциран делничен зимски ред