Во багажник од возило со швајцарски таблички пронајдени се 40.872 паричиња петарди и огномети. Пиротехниката е пронајдена на граничниот премин Блаце, а против македонскиот државјанин од Гостивар ќе биде поднесена кривична пријава.

При претресот, царинските инспектори забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства.
Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во земјава, информира Царинската управа.




