Двегодишно дете со прострелна повреда во главата рано утринава е примено на комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Детето е во животна опасност и засега не се знаат точните причини како дошло до повредата. Случајот го истражува Министерството за внатрешни работи.
Лекарите кои утринава информираа за интервенциите во текот на новогодишната ноќ, изјавија дека детето е без познати лични податоци и дека е примено на интензивна нега.




