Семејството и пријателите на младиот Стивен Ивановски упатуваат итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана, Швајцарија.

Според информациите објавени од неговите најблиски на социјалните мрежи, Стивен последен пат бил виден во кобната ноќ на пожарот. Во моментот на исчезнувањето бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што може да се види и на фотографиите што се споделуваат во апелите. Постојат информации дека можеби кај себе ги имал и специфичните очила за сонце што ги носи на сликите.
Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран – Монтана
Семејството моли сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за него, како и оние што знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:
076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745
„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик. објави Скопје1.мк
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија.
„Во моментов е во тек процес на идентификација на лицата настрадани во пожарот во Кран-Монтана и засега нема потврдени информации за загинати или повредени македонски државјани. Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во постојан контакт со семејството на лицето за кое се бараат информации, како и со кантонската полиција“, соопштуваат од МНР.
Од Министерството додаваат дека Амбасадата е во целосна подготвеност да обезбеди помош и поддршка, а контакт информации за граѓаните се објавени и на официјалните канали на институцијата.
Во случај на потреба од дополнителни информации или асистенција, граѓаните можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн: +41 79 923 79 57.
Расте бројот на жртви во пожарот во швајцарскиот скијачки центар. 47 мртви, 115 повредени




