дома Македонија Економија Поскапа струја со почетокот на Новата година

Поскапа струја со почетокот на Новата година

Со почетокот на Новата Година, граѓаните ги чека новогодишна честитка за струјата. Од овој месец, струјата поскапува за 2,28 проценти.

Оние кои се во првиот блок ќе плаќаат поскапа струја за 2,45 проценти, оние во вториот блок за 2,87 проценти, во третиот за 3,32 проценти, а во четвртиот блок за 3,84 проценти.

Евтината тарифа останува од 13 до 15 часот, но и таа поскапува за 2,5 проценти.

 

ПредходнаВозач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек
СледнаЛекарите со полни раце работа за Нова Година, зголемен бројот на интервенции