Турски државјанин е убиен за време на новогодишната ноќ во Скопје. Осомничениот е во бегство и по него се трага.

– Во конкретниот кривично правен настан согласно информациите што ги добив имаме едно лице коешто е починато, едно коешто е потешко повредено, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во инцидентот употребен е нож, а учествувале повеќе лица.




