Од попладнево на одделни патни правци низ земјава има врнежи од ледени зрна.

Центарот за управување со кризи соопшти дека тие предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.




