дома Македонија Црна хроника Осомничениот за убиството во скопската стара чаршија е уапсен во...

Осомничениот за убиството во скопската стара чаршија е уапсен во Косово, почнува постапка за екстрадиција

 Осомничениот за убиството на 22-годишниот турски државјанин Ахмет Мерт Доган пред угостителски објект во Старата скопска чаршија за време на новогодишната ноќ е уапсен во Косово и е почната постапка за негова екстрадиција. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на обезбедени докази, денеска поднело кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово осомничен за две кривични дела – „убиство“ и „убиство во обид“.

Тој е осомничен дека, во расправија, со нож го убил А.М.Д. и го повредил и сонародникот Ч.Е. (23) и потоа избегал. Убиениот бил со престојувалиште во Скопје, а повредениот бил жител на германскиот град Есен.

Настанот е расчистен со докази обезбедени од Единицата за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител.

-М.Т. на критичната ноќ во кафе-бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа, бидејќи не успеале да најдат такси, повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе-бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот, соопштија МВР и државното Јавно обвинителство.

 

Предходна40 мртви, 119 повредени. Швајцарските власти објавуваат нови информации, има идентификувани од цел Балкан
СледнаВо „БМВ x5“ превезувал 10 кг. кокаин, уапсен 26 годишник во Количани