дома Свет Балкан Србија под снег, активиран системот за итни СМС пораки

Србија под снег, активиран системот за итни СМС пораки

Српскиот хидрометеоролошки завод упати итно предупредување до граѓаните дека е активиран системот за испраќање СМС пораки за итни информации за граѓаните.

Во Србија, според најавите, во периодот од 5 до 7 јануари на подрачјето на Срем, Белград, Јужен Банат, Шумадија, источните, западните и југозападните делови на Србија се очекува леден дожд и тешки услови за возење.

– Подгответе се и за можни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Останате внимателни и бидете информирани, стои во итното предупредување на Српскиот хидрометеоролошки завод.

Најинтензивни врнежи од снег се очекуваат во централниот дел од земјата. Повремено ќе паѓа влажен снег и денеска се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, локално и до 30 сантиметри.

Во текот на ноќта кон понеделник, како и на почетокот на следнава недела до 7 јануари во утринските и вечерните часови можна е појава на леден дожд.

– МОжни проблеми во сообраќајот и во снабдувањето на населението со животните намирници, со топлинска и електрична енергија (можна тотална блокада на сообраќајот), можни големи штети на преносните системи – далекуводите, оштетување на столбови, штети во шумите, дрва во парковите, кршење гранки), стои меѓу другото во предупредувањето од Српскиот хидрометеоролошки завод.

 

ПредходнаТехнички проблем во грчкиот воздушен простор делумно решен
СледнаХоландија: Жолто временско предупредување е на сила поради снег и замрзнат дожд, откажани 400 летови