Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени.
За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.
Инаку под влијание на изразена циклонска активност, времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со умерен, а наместа и засилен јужен ветер, информираат синоптичарите.
Минималните утрински температури се движат од 2 до 7 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 8 до 15 степени, што создава услови за нестабилност и нагли временски промени.
Во наредните денови се очекува променливо облачно и потопло време, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни дождови се најавуваат кон средината на следната седмица, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе останат над нулата.




