дома Македонија Економија Кумановци на протест, УЈП уверува дека нема да има двојно одданочување

Кумановци на протест, УЈП уверува дека нема да има двојно одданочување

Кумановци кои со години работеле во Ирак и Авганистан денеска повторно протестираа пред Управата за јавни приходи во Куманово против ретроактивното одданочување од 2020 година.

Бараат привремено запирање на наплатата и признавање на доказите дека работеле во странство.

Директорката на Управата за јавни приходи уверува дека нема да има двојно одданочување. Вели има уште време да се приложат доказите.

– Имајќи предвид дека граѓаните мора да обезбедат докази за работа што се случила пред пет години, а доказите ги обезбедуваат од странски земји, ќе им овозможиме да го сторат тоа. Ги повикувам сите да ги достават доказите, ќе ги разгледаме и што може да се прифати, ќе прифатиме, изјави денес Петрова.

ПредходнаСедум лица повредени од пиротехника, МВР размислува за построги казни
Следна„Болен сум“: Корисниците на iPhone бројат колку дена поминале на своите телефони во 2025 година