дома Свет Балкан Вучиќ: Изборите ќе се одржат во октомври, ноември или декември

Вучиќ: Изборите ќе се одржат во октомври, ноември или декември

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека предвремените парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.

Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што изјави, сакаат да постигнат договор.

Студентите во блокадата веќе долго време бараат распишување предвремени парламентарни избори, додека дел од опозицијата смета дека Вучиќ не ги распишува затоа што се плаши да не ја изгуби власта.

Студентите во блокадата и опозицијата реагираа негативно на претходните повици на српскиот претседател за разговори на различни теми.

Вучиќ вечерва повтори дека оваа година, во економска смисла, ќе биде најуспешна.

Според него, важно е за народот на Србија да се зачува мирот и стабилноста и да се „обединиме“.

Предходна„Видовме пекол“ или Како Русија намами 15.000 Непалци во војна
СледнаЕвакуирани 60 лица од поплавени станбени објекти во Кичево