Поранешниот НФЛ играч Мет Калил ја тужи својата поранешна сопруга Хејли Калил поради нејзините јавни коментари за интимни детали од нивниот брак. Таа во едно интервју зборуваше за големината на неговиот пенис, наведувајќи дека тоа е голема пречка во нивниот сексуален живот и една од причините за нивниот развод. Целиот случај сега заврши на суд.

Мет Калил (36) и Хејли Калил (33), инфлуенсерка и креаторка на содржини, беа во брак седум години и поднесоа барање за развод во 2022 година. Калил се прежени во 2024 година со Кеилани Асмус, со која има едно дете.
Коментари што предизвикаа лавина од реакции
Проблемите започнаа во ноември минатата година, кога Хејли во едно интервју посочи дека големината на пенисот на нејзиниот поранешен сопруг е една од главните причини за нивниот развод. Тврдејќи дека тоа е нешто „исклучително ретко“, таа рече дека тоа го прави „невозможно“ да имаат секс.
Таа тврдеше дека големината на пенисот на Мет е во „0,01 процент од популацијата“, што наводно ѝ предизвикувало болка за време на сексуалниот однос.
За да илустрира за што зборува, таа ги спореди неговите физички димензии со две или три лименки Кока-Кола наредени една врз друга, што го остави водителот Марлон без зборови, нарекувајќи ја една од „најлудите приказни“ што ги слушнал.
„Затоа не можам да го објавам онлајн. Пробавме сè“, му рече таа на стримерот на Twitch, Марлон Гарсија, користејќи живописни споредби. Додаде дека се обидува да најде решение и дека, како што рече, пробале различни пристапи, вклучувајќи терапија и медицински совети.
Што наведе тој во тужбата?
Според судските документи до кои дојде TMZ, Калил сега ја обвинува Хејли за нарушување на приватноста и „инвазивни“ коментари. Во тужбата се тврди дека таа имплицирала дека големината на неговиот пенис била клучна причина за разводот и дека тврдела дека сексот со него ќе ја остави во солзи.
Адвокатите на Калил тврдат дека нивниот клиент бил изложен на непријатно и несакано внимание, како и на бројни јавни коментари, поради целата приказна, и додаваат дека членовите на неговото семејство, исто така, морале да издржат постојан проток на „понижувачки и длабоко лични“ изјави.
Калил бара отштета од над 75.000 долари во тужбата, додека Хејли е обвинета дека остварила финансиска добивка од своите изјави преку поголема гледаност, ангажман на публиката и монетизација на содржини на социјалните мрежи. Тој, исто така, побара судење со порота.
Хејли: „Шокирана сум и повредена“
Во изјава за „Ју-Ес Викли“, Хејли рече дека целата ситуација ја изненадила. „Искрено сум шокирана и неверојатно повредена откако ја добив веста за ова поднесување“, рече таа. Додаде дека судењето било „болно и емоционално исцрпувачко“ и дека ѝ е жал што ги става и двајцата и нивните семејства под дополнителен притисок.
Обид да се смири по медиумската бучава
Откако нејзините изјави се најдоа на насловните страници, поранешната манекенка на „Спортс илустрејтид“ се огласи и за „Пејџ Сикс“, велејќи дека ѝ е жал што е извлечен само дел од разговорот бидејќи, како што тврди, „не ја раскажува целата приказна“. „Се надевам дека нашиот разговор од еден и пол час одразува повеќе од смешен аудио клип“, рече таа, додавајќи дека се грижи за почитувањето на неговата приватност и интегритетот на она што го споделиле.
„За време на преносот во живо, разговаравме за многу повеќе – за љубовта во нашиот брак, растот низ кој поминавме и длабочината на нашата врска“, заклучи таа.




