дома Локално Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми во западна Македонија

Одрони, поплавени објекти – дождот прави проблеми во западна Македонија

Поплавени подруми, гаражи, дворови и одрони на одредени патишта евидентира Центарот за управување со кризи по обилните врнежи во земјава.

На удар е западниот дел од земјата. Одрони има на патните правци Гостивар – Стража и Тетово – Бањиче поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања.

Пријавени се и поплавени станбени објекти во Кичево каде во тек е евакуација на жителите.

Поплавено е земјоделско земјиште и дел од дворови во тетовско, а ЦУК информира за излевање на реката Вардар во селото Балин Дол, како и излевање на Лукавичка река во селото Мало Турчане и Сушичка Река во селото Горно Бањице. Поголем одрон има и на патот село Татеши – село Мислодрежда.

Во Охрид пријавени се поплавени подруми, гаражни и дворови на повеќе локации.

Според ЦУК, засега стабилна е ситуацијата во Кумановско и Скопско.

ПредходнаПогребот на Брижит Бардо: Церемонијата започна во црквата во Сен Тропе
СледнаГнев во Москва по запленувањето на танкерот. Хегсет: Трамп не се шегува, војската е подготвена